
„На политички план Бугарија западна во целосна изолација во ЕУ заради спорот со Северна Македонија“. Ова за бугарските медиуми го изјави Љубомир Ќучуков, поранешен бугарски заменик-министер за надворешни работи.
Тој смета дека Бугарија ја загубила сета своја предност како членка на ЕУ, пренасочувајќи го притисокот од кандидатот за членка кон себе.
Според него, каков и да има договор меѓу Бугарија и Северна Македонија, тој мора да добие поддршка од парламентот и општеството.
„Може да се испостави дека со сегашната натрупување на негативизам, за изнаоѓањето договор ќе биде потребно помалку политичко време отколку за обезбедување домашна поддршка во Софија и Скопје“ – рече Ќучуков.
Смета дека интересно е што најсериозните противници на договор се две истоимени партии во двете земји – ВМРО.
„Спорот со Северна Македонија стана натревар во патриотизам во Бугарија. Главниот резултат на бугарско-македонските преговори е дека има согласност да се постигне договор, се менува климата на билатералните односи и веќе постои подготвеност за дијалог за спорните прашања. Единствениот начин да се случи тоа е преку меѓувладини преговори“ рече тој.