Лавров: Ако е до Русија, нема да има војна!

Сергеј Лавров – министерот за надворешни работи на Русија рече дека сакаат дипломатија, а не војна.

„Ние го избравме патот на дипломатијата пред неколку децении. Ако е до Русија, нема да има војна. Ние не сакаме војни. Но, нема да дозволиме нашите интереси грубо да бидат газени, игнорирани“ рече Лавров.

Акумулацијата на десетици илјади руски војници на границите на Украина во изминатите недели ги поттикна стравувањата од евентуална инвазија.

Русија негира дека планира напад.

Претседателот на САД, Бајден предупреди дека постои можност Русија да ја нападне Украина следниот месец.