Со 5 години платени придонеси, германска пензија
Мора да имате платено најмалку пет години придонеси за пензиско осигурување или, со други зборови, да имате најмалку пет години стаж за да аплицирате за германска пензија, пишува „Вечерњи лист“. Нејзината висина зависи од платата или од позицијата на која сте работеле.
Во Германија можете да се пензионирате со 65 години и 11 месеци, а ова правило важи и за мажи и за жени.
Ако пет години сте земале просечна германска плата во западна Германија, тогаш со вашите придонеси сте собрале точно пет пензиски поени. Тоа значи во најмала рака, месечна пензија од 180 евра, ако сте работеле за просечна плата која претходните години била околу 2.600 евра нето.
Просечната годишна бруто плата во 2023 година е 43.142 евра на запад и 41.967 евра на исток од Германија. Ако заработувате колку што заработува просечниот германски работник за една година, ќе ви биде доделен еден пензиски бод
За секој пензиски бод имате право на т.н вредност на пензијата. Ова во моментов изнесува 36,02 евра на запад и 35,52 евра на исток (од јуни 2023 година), пишува Вечерњи лист.
Ако пет години сте земале просечна германска плата на западот од земјата, тогаш со вашите придонеси сте собрале точно пет пензиски поени. Сегашната вредност на пензијата би значела месечна пензија од 180,1 евра (5 x 1 x 36,02 x 1). Ако не добиете точно еден пензиски бод за пет години работа, вашата пензија ќе се промени.