Сменета директорката на Инфективна клиника – кои се причините?

Инфективната клиника има нов директор, потврдуваат од Министерството за здравство.

На местото на досегашната директорка д-р Милена Стевановиќ за нов директор е назначен д-р Фадил Цана, инфектолог на клиниката.

Засега нема официјални информации зошто е сменета Стевановиќ која раководеше со клиниката седум години, опфаќајќи го и периодот на пандемијата со Ковид – 19.

Доктор Милена Стевановиќ за порталот „Трилинг“ вели дека е изненадена за одлуката на министерот за здравство Фатмир Меџити да ја разреши од директорската позиција на Инфективната клиника, додавајќи дека не знае која е причината за ваквиот потег.

Цана ја извршуваше функцијата претседател на УО на Фондот за здравство, а неговото име се споменуваше и за министерското место во МЗ.