Приведен е екс директорот на Онкологија Нино Васев, претреси имало кај осум лица

Според неофицијални информации, екс-директорот на Онкологија, доктор Нино Васев е приведен во полициска станица по налог на обвинителката која го води предметот за кражба на цитостатици. Освен него, во станица се и други лица опфатени со истрагата, а кај кои претходно беше извршен претрес.

Од Обвинителството засега не откриваат никакви информации и велат дека акцијата е во тек.

Полицијата утрово влезе кај осум лица кои се опфатени во истрагата за злоупотреби во Клиниката за онкологија. Одземени се телефони, компјутери, документација.

Има и лица кои се недостапни за органите на прогонот. Полицијата не успеала да ги лоцира на адресите кои ги дало Обвинителството.

По повеќемесечна истрага, предметот е пред завршница и донесување на јавнообвинителска одлука.

Дали Нино Васев и останатите уапсени ќе бидат задржени па пуштени од полициска станица или истите ќе бидат спроведени пред судија на претходна постапка – засега не е познато.