Славески: Народна банка го презеде управувањето со Алта банка, граѓаните ќе можат да подигнуваат само 10.000 денари неделно

-Во интерес на граѓаните, а со цел извршување на секојдневните плаќања, определен е неделен лимит за одлив од сметките на физичките лица во износ од 10.000 денари, којшто може да се користи со картичките издадени од банката“, изјави Славески.

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески попладнево изјави дека извршниот одбор на Народна банка на седницата денеска донел решение со кое се воведува администрација во Алта банка а.д. Битола. Вели дека ова е од времен карактер.

Додаде дека воведувањето на администрацијата привремено преминува во надлежност на лица на Народната банка. Рече дека во наредните денови ќе има одредени ограничувања за плаќањата. Во текот на една седмица, лимитот на плаќања е 10.000 денари за граѓаните. Славески кажа дека за дефинирање на овој износ до некаде се воделе според износот на просечната плата.

-Во интерес на граѓаните, а со цел извршување на секојдневните плаќања, определен е неделен лимит за одлив од сметките на физичките лица во износ од 10.000 денари, којшто може да се користи со картичките издадени од банката“, изјави Славески. Овие мерки се воведени со цел да се заштитат имотот и интересите на штедачите“, рече Славески.

Гувернерот додаде дека до вчера околу 2 милиони евра се подигнати од банката. Кажа дека има заинтересирани купувачи за акциите.

Апелира до сите учесници во јавната дебата да се воздржат од изјави кои се хушкачки. Ги повика оние кои имаат кредити да ги подмируваат своите обврски.

Народна банка на Србија вчера ја одзеде дозволата за работа на Алта банка а.д. Белград.