Се одложи Светскиот економски форум во Давос поради заканата од Омикрон

Јануарскиот состанок на Светскиот економски форум во Давос е одложен поради Омикрон варијантата на коронавирусот, информираат организаторите.

„Годишниот состанок на светските бизнис и политички лидери на Светскиот економски форум, кој се одржува секоја година во Давос, Швајцарија, е откажан следниот месец поради зголемување на заразените случаи со сојот Омикрон. Делегатите се информирани денеска од страна на организаторите“ стои во соопштението на организаторите.

Самитот кој вообичаено ги собира водечките фигури од бизнисот, политиката и дипломатијата на едно место најверојатно ќе се одржи „на почетокот на летото“, велат организаторите.

И минатогодишната средба беше откажана, поради пандемијата на Ковид-19.