Русија завршува со воените вежби кај границата со Украина

Над 10.000 руски војници се вратија во базите по повеќемесечните вежби во близина на границата со Украина. Од руското МО соопштија дека вежбите се дел од „борбената обука“ и се одвиваа на неколку воени локации во руските региони Волгоград, Ростов, Краснодор и на Крим.

Западните земји константно ја обвинува Русија за распоредувањето на неколку десетици илјади војници во близина на украинската граница за евентуална воена интервенција против Киев иако Москва упорно ги демантираше таквите наводи, обвинувајќи ги Украина и НАТО за провокации.