Роналдо: Ако го сакате Кристијано, не мора да го мразите Меси!

Кристијано Роналдо првпат по 20 години не се најде меѓу номинираните за „Златната топка“, и повторно почнаа споредбите со Лионел Меси за тоа кој бил подобар фудбалер.

Големото ривалство меѓу Роналдо и Меси трае15 години, но истото заврши затоа што Португалецот замина во Саудиска Арабија, а Аргентинецот во САД.

„Ако го сакате Роналдо, не мора да го мразите Меси. Ние двајцата ја променивме историјата и добивме почит од светот. Ривалство? Јас не гледам така на тоа затоа што ја делевме фудбалската сцена цели 15 години. Не велам дека сме пријатели, но се почитуваме. Заврши нашето ривалство затоа што заминавме од Европа“ – рече Роналдо кој е најголемата ѕвезда на клубот Ал Наср.