Рама: Русија го злоупотреби правото на вето во случајот со Косово

Албанскиот премиер Еди Рама ја обвини Русија за злоупотреба на правото на вето во Советот за безбедност на Обединетите нации во случајот со Косово.

Тој изјави дека Русија го злоупотребила ветото, обидувајќи се да го искористи како преседан.

„За жал, злоупотребата на правото на вето го држеше овој Совет за безбедност како заложник, но не го премолчи, како што можеме да видиме овде на овој состанок“, рече Рама на седницата на Советот за безбедност на ОН посветена на Украина.