„Русија има само две недели да се подготви за бранот на Омикрон варијантата на коронавирус“, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
„Гледаме што се случува во светот и тоа покажува дека имаме околу две недели да се подготвиме“, рече Путин и повика на побрзо тестирање и вакцинација на граѓаните.
Од СЗО соопштуваат дека повеќе од половина од населението во Европа би можеле да бидат заразени со Омикрон во рок од два месеца, а Русија штотуку почна да излегува од смртоносниот бран на пандемијата предизвикан од Делта варијантата на вирусот.
„Во секој случај, вакцината ‘Спутник V’ е доволно ефикасна. Можеби повеќе од другите вакцини што се користат во светот“, рече Путин.