Синодот на МПЦ-ОА ги негира тврдењата на владиката Петар: Немаме изграден став за преговори со СПЦ

Митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј ги демантира тврдењата на митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар дека преговорите со Српската православна црква ќе останат замрзнати дури и доколку српската страна покаже и започне иницијатива за решавање на долгогодишниот црковен проблем, пишува Плусинфо.

Г. Тимотеј вели дека Синодот засега нема изградено став по ова прашање.

, спротивно на

„Синодот на Македонската православна црква нема изградено став по ова прашање, бидејќи сè уште чекаме одговор од СПЦ на писмото испратено од наша страна пред неколку години. А изјави за медиуми може да дава секој што ќе посака, но тоа е негово лично мислење и не е официјален став на Синодот“ – изјавил г. Тимотеј.

Владиката Петар, кој е член на Синодот, рече „Ако сакаат да го решиме прашањето, тогаш тоа може да го сториме само доколку прифатат заеднички богослужби. Тоа можеме ние да го понудиме и сметам дека нашиот Синод нема да одбие заедничко сослужување со владиците и со свештениците од СПЦ и со која било друга помесна православна црква, но не и со Православната охридска архиепископија (ПОА). Тука треба да се почне, а потоа ќе видат и ќе се уверат дека нашата црква ги исполнува сите услови за добивање автокефалност“.