Промовиран RALF AI – првиот голем македонски модел на вештачка интелигенција за сметководство, финансии и право

Во организација на Стопанската комора на Македонија, беше промовиран RALF AI, првиот македонски модел на вештачка интелигенција, развиен од Рафајловски Консалтинг, со цел да обезбеди точни и прецизни консултантски услуги и да понуди нов пристап во секојдневното работење на професионалците од областа на сметководството, финансиите и правото.

Во организација на Стопанската комора на Македонија, беше промовиран RALF AI, првиот македонски модел на вештачка интелигенција, развиен од Рафајловски Консалтинг, со цел да обезбеди точни и прецизни консултантски услуги и да понуди нов пристап во секојдневното работење на професионалците од областа на сметководството, финансиите и правото.

Настанот го отвори претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, кој во своето поздравно обраќање го истакна значењето на дигитализацијата, иновациите и примената на новите технологии како важни фактори за развојот и конкурентноста на македонското стопанство. Во тој контекст, промоцијата на RALF AI претставува пример за поврзување на долгогодишното професионално искуство со современите технолошки достигнувања и создавање решенија што одговараат на потребите на деловната заедница.

За развојниот пат и визијата зад новиот производ зборуваше д-р Горан Рафајловски, кој направи осврт на традицијата, искуството и развојот на Рафајловски Консалтинг. Тој посочи дека знаењето и долгогодишната експертиза на компанијата претставуваат основа за создавањето на RALF AI и за нејзиното понатамошно позиционирање во услови на забрзана дигитална трансформација. Развојот на новата алатка е продолжение на досегашното работење на компанијата, но и чекор кон нова генерација професионални услуги, во кои стручноста и технологијата се надополнуваат.

Генералниот директор на Рафајловски Консалтинг, Стефан Рафајловски, ја претстави визијата за идниот развој на компанијата, идејата зад RALF AI и процесот на неговото создавање. Притоа, ја нагласи улогата на вештачката интелигенција во трансформацијата на професионалните услуги, како и можностите што ги отвора примената на специјализирани AI-решенија во работата на сметководителите, правниците и финансиските професионалци.

Во реализацијата на проектот учествуваа и технолошките компании Некстсенс и Модирум од Финска, чии претставници ги споделија своите искуства од развојот на платформата. Во име на Некстсенс се обрати Саша Гавриловиќ, кој е основачки партнер, додека Модирум го претставуваше техничкиот директор Нико Хурскаинен, со што беше истакната важноста на меѓусебната соработка меѓу експертите од професионалните и технолошките области во создавањето на вакво комплексно дигитално решение.

RALF AI – специјализирана вештачка интелигенција за професионална употреба

RALF AI е дизајниран да обезбеди специјализирана поддршка преку пристап до ексклузивната база на знаење на Рафајловски Консалтинг, која ги опфаќа релевантните сметководствени стандарди, даночната регулатива и стручните материјали. На тој начин, платформата им овозможува на корисниците побрз пристап до релевантни информации и поддршка при анализи, пресметки и финансиски симулации.

Една од клучните предности на RALF AI е можноста да одговара на прашања во контекст на конкретен временски период. Оваа функционалност е особено значајна во областите во кои законската регулатива, сметководствените стандарди и нивните толкувања подлежат на континуирани измени, овозможувајќи им на корисниците да добијат информации релевантни за периодот на кој се однесува нивното прашање.

Платформата овозможува обработка и анализа на различни видови документи, вклучувајќи договори, фактури, финансиски извештаи, биланси и други деловни документи. Преку нивната анализа, корисниците добиваат поддршка при проверка на податоците, подготовка на финансиски извештаи и идентификација на потенцијални ризици и неправилности.

Поддршка за сметководството, правото и финансиите

Во областа на сметководството, RALF AI овозможува пристап до релевантни сметководствени стандарди и даночни прописи, како и поддршка при анализа на финансиски податоци, пресметки, проверка на извештаи и подготвување долгорочни финансиски симулации.

За правниците и адвокатите, моделот обезбедува брз и структуриран пристап до релевантната законска регулатива, олеснувајќи го правното истражување и толкувањето на прописите. Дополнително, нуди поддршка при подготовка на договори, правилници, интерни политики и други правни акти усогласени со македонското законодавство, вклучувајќи и автоматизирана подготовка на документи за практична употреба. Особено значајна е можноста за преглед на важечката законска рамка, како и историски увид во прописите и нивната примена пред и по направените измени.

Во финансискиот сектор, со посебен фокус на банките и осигурителните друштва, RALF AI обезбедува пристап до специјализирани финансиски материјали и напредни аналитички решенија. Платформата овозможува поддршка при финансиско моделирање, анализа и интерпретација на комплексни податоци, со цел да им помогне на организациите во донесувањето информирани и стратешки деловни одлуки.

Со развојот на RALF AI, Рафајловски Консалтинг го поврзува своето долгогодишно искуство и експертиза со можностите на вештачката интелигенција, создавајќи нова генерација дигитална поддршка за професионалната и деловната заедница. Промоцијата на алатката претставува чекор кон поширока примена на специјализирани технолошки решенија во македонското стопанство и отвора нови можности за поефикасно, побрзо и поинформирано професионално работење.