
„Призма“: Врховниот суд реши дека Камчев нема право на оштета во „Рекет“
Петмина врховни судии пресекле дека бизнисменот Јордан Камчев нема право да бара милион и пол евра како надомест за штета во предметот „Рекет“ во граѓанска постапка., пишува денес „Призма“ пренесувајќи ја одлуката на судиите.
Петмина врховни судии пресекле дека бизнисменот Јордан Камчев нема право да бара милион и пол евра како надомест за штета во предметот „Рекет“ во граѓанска постапка., пишува денес „Призма“ пренесувајќи ја одлуката на судиите.
Според медиумот, Камчев, преку неговиот адвокат Александар Михајловски, ги обжалил одлуките на пониските судови кои му ја одбија тужбата и поднесе барање за ревизија до Врховниот суд.
Тој во 2022 ги тужеше Катица Јанева, Бојан Јовановски, Зоран Милевски Кичеец и поранешното СЈО oд кои бараше солидарно да му ги вратат парите што ги дал како рекет. Подоцна Камчев се откажа да го тужи Зоран Милевски Кичеец.
Во образложението на пресудата на Врховниот суд пишува дека Камчев во „Рекет“ не е оштетен. Тој како тужител се впуштил во „морално недопуштено договарање со тужените“ да дава пари за да се спаси од притвор во предметот „Империја“ и затоа нема право да ги бара парите што ги дал.
„Кога двете страни се несовесни, ниту една од нив не може да го поврати назад даденото“, стои во пресудата донесена на крајот од февруари, а објавена на крајот на април.
Со давањето пари за да си ја олесни сопствената положба, според пресудата на Врховен, тој сторил кривично дело „Давање награда за противзаконито влијание“.
„Дозволувањето тужителот да биде обештетен би значело компромитирање на интегритетот на правосудниот систем во неговата срж, бидејќи судот на тој начин би го наградил тужителот за учество во однос за кој првотужениот, второтужената и третотужениот претходно се санкционирани со казни затвор“.
Судот утврдил дека тужбеното барање на Камчев дел од пола милион евра кои му биле дадени на Јовановски, „е непоткрепено со материјален доказ“.
Во пресудата пишува и дека Камчев не бил непосреден сведок дека еден и пол милион евра кои Бојан Јовановски го примил како награда од тужителот ѝ бил непосредно исплатен на Јанева.
На крајот од процесот, сега Камчев треба да ѝ плати на Јанева 52 илјади денари за одговор на ревизијата што тој ја покренал против пресудите на пониските судови.
Предметот „Рекет“ заврши со правосилна пресуда, во која, сите тројца обвинети беа осудени на затворски казни.