Премиерот Пленковиќ ѝ се извини на Украина за изјавата на претседателот на Хрватска – Милановиќ
Премиерот на Хрватска – Андреј Пленковиќ вчера ѝ се извини на Украина поради изјавата на хрватскиот претседател Милановиќ во кој тој вели дека „е една од најкорумпираните земји во светот, економски стагнира и не добила ништо од ЕУ“.
„Колку што знам, нема хрватски војници во Украина“ – изјави премиерот Пленковиќ и додаде дека токму деновиве се вратил контингентот на хрватската војска што бил во Полска.
„Изјавите на Милановиќ се нереални, навредлива е неговата изјава за Украина како корумпирана земја. Со ова им се извинувам на Украинците, во име на хрватската Влада и се извинувам на Украина, една од првите земји што ја призна државата Хрватска и која во моментов има окупирани делови, како што имаше Хрватска“, рече Пленковиќ.