Расказот „Наредното евангелие“ на Томислав Османли се најде во грчко списание

Грчкото списанието „Енкен“ од Солун го објави новиот расказ на македонскиот писател Томислав Османли – „Наредното евангелие“.

Во него, Османли книжевно ја прекршува најактуелната тема во светот –  пандемијата со која сѐ уште трагично се соочува човештвото.

Расказот е опишан како впечатлив, каде феноменот-пандемијата што ја живееме е доловена како нова драма на човечката цивилизација и во оваа кратка, густа и стежната проза е метафора за накажувањето поради отуѓувањето од основните човечки вредности – солидароноста, социјалната одговорност и сочувственост со другиот, поради профитерскиот егоизам на моќните и на повластените во новото, протекционистичко масовно општество.

Прозата е пишувана со библиски израз каде есхатолошката визија зборува за човечкото општество што е соочено со глобалното отуѓување.

Расказот е напишан минатата година при трагичните кулминации на првиот бран од пандемијата, до сега го објавија неколку регионални медиуми.

Грчкото списание по третпат објавува книжевен текст на Османли.