Лавров: Русија ќе преземе мерки ако не добие конструктивен одговор од САД и НАТО за безбедноста

Сергеј Лавров – министерот за надворешни работи на Русија го повтори ставот на Москва дека земјата ќе преземе соодветни мерки доколку не добие конструктивен одговор од САД и НАТО околу барањата за нејзините безбедносни гаранции.

„Москва нема да дозволи прашањата за Украина и бараните безбедносни гаранции од страна на Русија да бидат предмет на бескрајни дискусии, во кои ќе бидат вклучени Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) или Европската унија“ рече изјави Лавров пред Долниот дом на рускиот Парламент.

Оваа недела се очекува Вашингтон писмено да одговори на руските предлози за безбедносните гаранции.