По 40 години од Битола до грчка граница ќе се вози по нов асфалт

Привршува рехабилитацијата на регионалниот пат од Битола кон грчка граница кој цели 40 години не беше реконструиран. Патот со години беше полн со дупки и крпеници, и не беше безбеден за сообраќај, објавува СакамДаКажам.

Министерот Благој Бочварски денес изврши увид на градежните работи и најави дека до октомври ќе биде и официјално пуштен во употреба. Реконструкцијата на 12, 7 километри пат чини 3, 27 милиони евра, пари обезбедени од ЕБОР.

Бочварски уште најави дека напролет ќе биде готов и експресниот пат со делницата Градско – Дреново и Дреново- Фариш.

„Убеден сум дека тој пат ќе значи подобро инфраструктурно поврзување на овој крај со Скопје, ќе ја зголеми економската активност на овој регион и ќе ја зголеми безбедноста. Таму се одвиваат силни градежни активности. Вториот тунел е пробиен, се минира теренот, на првата делница Градско- Дреното се започнати асфалтните работи, нема застој“, рече Бочварски.