Посвежо и ветровито време

Во Скопје, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Сончево и посвежо време со мала до умерена локална облачност се најавува за денес. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец (над 50 km/h).

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а дневната ќе биде пониска од изминатите денови и ќе се движи од 22 до 30 степени.

Во Скопје, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во текот на новата седмица ќе преовладува сончево и посвежо време со мала до умерена локална облачност во текот на денот. Температурите ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината.