Политико: Мерц е под притисок поради намалената поддршка за владата пред покраинските избори
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се соочува со притисок од својата партија пред покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија и Берлин, а анкетите покажуваат пад на поддршката за неговата влада и сојузот ЦДУ/ЦСУ, објави „Политико“.

Според нова анкета, националната популарност на Мерц паднала на 14 проценти, додека ЦДУ/ЦСУ ја поддржуваат 18 проценти од испитаниците.
На прво место е крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) со поддршка од 29 проценти.
AфД претходно освои најмногу гласови на покраинските избори во Саксонија-Анхалт, додека ЦДУ изгуби повеќе од половина од својата поддршка во споредба со претходните резултати. Мерц свика состанок на раководството на ЦДУ за в недела, што ќе се одржи околу времето кога ќе бидат објавени излезните анкети.
Според Политико, канцеларот би можел да побара потврда за поддршката од партиските сојузници и неговите планови за реформи на состанокот.
Во случај на сериозен изборен пораз, во рамките на ЦДУ/ЦСУ би можело да се покрене дискусија за промена на канцеларот. Како потенцијални наследници во партијата се споменуваат премиерите на покраините Хендрик Вуст и Борис Рајн, како и претседателот на ЦСУ, Маркус Седер, и министерот за внатрешни работи, Александар Добринт.