Тројца полицајци се повредени во протестите пред бугарскиот Парламент во Софија, кои се организирани од партијата Преродба, а се против воведување зелен сертификат.
Централниот влез на бугарското Националното собрание во Софија е блокиран одвнатре со маси, откако демонстрантите се обидоа да влезат во зградата. Собраниската седница веќе заврши, а во зградата се уште има пратеници и новинари. Откажани се комисиските состаноци, јавуваат тамошните медиуми.
„Многу ми е жал што сум во карантин, бидејќи со задоволство би отишол да разговарам со луѓето кои протестираат на плоштадот. Некои од демонстрантите не веруваат во мерките, не веруваат во Ковид-19. Ги повикувам да излезат со 10 луѓе и откако ќе излезам од карантинот в петок – ќе седнам да разговарам со нив за нов модел за надминување на следниот бран“, рече премиерот на Бугарија Кирил Петков и објасни дека е апсолутно здрав и нема симптоми на коронавирус.