Груби: Јас имам апсолутна доверба во министерот Бујар Османи

Артан Груби – првиот вицепремиер и министер за политички систем вели дека граѓаните немаат никаква основа за загриженост во однос на преговорите што со Бугарија ги води министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Според него, секој договор што евентуално би бил постигнат треба да биде претставен и прифатен од граѓаните.

„Жалам што колегата Димитров дознал дека не му верува на Османи на крајот на својот мандат. Можеби би било добро тоа да го кажеше на почетокот и да пристапиме кон градење на таа доверба меѓу Османи и Димитров. Но, јас сум убеден дека граѓаните немаат никаква основа да имаат недоверба, ниту во Османи, ниту во Владата затоа што се е транспарентно и било кој договор да биде постигнат ќе мора да биде претставен пред граѓаните и да биде прифатен од нив, рече Груби.

„Ние застапуваме став дека се солидаризираме со нашите сограѓани Македонци и апсолутно се постројуваме со нив во одбрана и на идентитетот и на јазикот и на сите чувстителни прашања. Јас имам апсолутна доверба во министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој најсовесно ја врши својата работа и најодговорно пристапува кон преговорите со Република Бугарија“ – потенцираше Груби.