Петрушевски смета дека со предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се да се откочат евроинтеграциите

Што се однесува до предлозите, тие не се прифатени од СДС. Чекаме неколку дена Ковачевски да се изјасни кој од овие два предлози кои беа дадени на лидерската средба од страна на претседателот Мицкоски ќе прифати или ќе ги одбие двата, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски за „За или против“ на Алфа. Како што појасни Петрушевски, предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се е за да се откочи евроинтеграцискиот пат и да се заштитат македонските национални интереси.

-Предлозите се темелат на неколку столбови како забрзана евроинтеграција, затоа што Ковачевски, Артан Груби и СДС со однародени политики го доведоа процесот на евроинтеграција пред блокада, затоа што со ваква преговарачка рамка и со вакви услови кои се прифатени од страна на владата, Бугарија ќе не блокира на секој чекор. Одбивањето на СДС да се изјасни за предлозите значи дека СДС не може и не смее да се откаже од ДУИ и работи во интерес на ДУИ, а втората работа е дека можеби дека подготвуваат ново предавство на македонските национални интереси. Се обидуваат да му обезбедат на ДУИ комотна позиција затоа што се свесни дека ВМРО-ДПМНЕ победува убедливо, и СДС се обидува да одигра за ДУИ да добие поповолна позиција, а така надевајќи се дека ќе бидат амнестирани, истакна тој.

Петрушевски нагласи дека ова значи дека ВМРО-ДПМНЕ ниту милиметар нема отстапено од тоа што цело време го кажува и дека ставот е непроменлив.

-Она што може да кажам дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, непроменлив и концизен. Уставни измени под овие услови и бугарски диктат нема да поддржи ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Ова сме го кажале милион пати. Претседателот Мицкоски укажа дека ова е неприфатливо за ВМРО-ДПМНЕ и на сите и укажувавме дека ваков предлог каков што прифати владата за нас е неприфатлив затоа што ги нарушува македонските национални интерес, изјави Петрушевски.

Тој истакна дека граѓаните заслужуваат да живеат во европска и модерна држава, ние понудивме предлог како да се надмине оваа блокада која не очекува.

-Нудиме рака за соработка за да се откочи евроинтегративниот процес и да се покаже дека може да се издејствува поволна ситуација за Македонија и да се заштитат македонските национални интереси. Тоа го правиме со двата предлози. Сакаме да бидеме сигурни дека преговорите нема да бидат обременети со историски и идентитетски прашања и дека Бугарија нема да не кочи, рече Петрушевски.