Петков ја честиташе новата година со партија шах

Премиерот на Бугарија – Кирил Петков ја честиташе Нова година играјќи шах со 10-годишниот Данаил Попзафиров – вицешампион во европски шах за деца.

Бугарскиот премиер притоа рече дека луѓето како Данаил даваат надеж дека Бугарија може да биде многу поуспешна.

Тој посочи дека една од целите на бугарската Влада за 2022 година е да ги зачува бугарските таленти, да им даде можност да се развиваат и да ја прослават земјата со своите победи, повикувајќи на „заедничка работа за подобра Бугарија“.

Малиот Данаил, пак, изјави дека негов сон е да биде најдобар шахист во светот, да стане велемајстор.