Пакистан како посредник соопшти дека мировниот договор меѓу САД и Иран стапува на сила веднаш по потпишувањето

Рамковниот договор меѓу САД и Иран стапи во сила веднаш по неговото потпишување, изјави рано утринава пакистанскиот премиер Шахбас Шариф, чија земја посредуваше во постигнувањето на договорот.

Рамковниот договор меѓу САД и Иран стапи во сила веднаш по неговото потпишување, изјави рано утринава пакистанскиот премиер Шахбас Шариф, чија земја посредуваше во постигнувањето на договорот.

Шариф на социјалната мрежа „Икс“ објави дека Иран „веднаш повторно ќе го отвори“ Ормуската Теснина додека САД „веднаш“ ќе ја укинат поморската блокада на иранските пристаништа.

Претходно, и Техеран и Вашингтон соопштија дека претседателите Доналд ТРамп и Масуд Пезешкијан го потпишале договорот по електронски пат.

Шариф првично најави дека Пакистан, со поддршка на Катар, во петок во Швајцарија ќе биде домаќин на официјална церемонија за одбележување на договорот и почеток на техничките разговори, но подоцна ја избриша таа објава и во новата верзија повеќе не ја спомена Швајцарија.

Францускиот претседател Емануел Макрон објави видео од дворецот Версајна кое се гледа Трамп како потпишува хартиена верзија од документот по завршувањето на Самитот на Групата Г-7.

Според американскиот портал „Аксиос“, потпишувањето било забрзано со цел што поскоро да се овозможи повторно отворање на Ормуската Теснина, клучна поморска рута за светската трговија со нафта и гас.