Од 1. јануари струјата поскапува за 9,48%

Се укинува дневната евтина тарифа

Од 1. јануари струјата во Македонија со нова цена – за 9,48% поскапа од сегашната. Ова денеска на прес-конференција го изјави претседателот на Регулаторната комисија – Марко Бислимоски. Од 1. јануари се укинува дневната евтина тарифа.

Бислимоски рече дека ова е една од најтешките одлуки што ги донела РКЕ од почетокот на своето постоење.

„Реалното зголемување ќе беше многу поголемо, но успеавме да скратиме многу трошоци, а Владата презема обврска да им помогне на државните компании во наредниот период“ – рече Бислимоски.

Тој убедува дека евтината тарифа во текот на ноќта и во недела останува, тие никогаш не биле доведени во прашање