Арсовска: Нема пари за нови капитални проекти во Скопје

Советот на Град Скопје синоќа го усвои буџетот за 2022-ра година со вкупа висона од 114 милиони евра, од кои основниот буџет е 76 милиони евра, а дотациите од централната власт се 31 милион евра.

Ако се спореди со годинава, буџетот на Град Скопје се намалува за 8,7 %.

Градоначалничката Данела Арсовска кажа дека долговите кои ги наследила од претходното раководство и веќе склучените договори за големи суми не дозволуваат да се почнуваат нови капитални проекти.

„Сега се фокусираме да го направиме најдоброто со средствата што ни се на располагање, покрај веќе склучените повеќегодишни договори и другите долгови што доспеваат. Во буџетот, како капитални проекти се ставени проектите за кои се веќе склучени повеќегодишни договори, а кои Градот мора да ги реализира. За нови проекти е предвидено проектирање кое следува веднаш по Нова година“ –  рече Арсовска.

Градоначалничката рече и дека за идната година се предвидени пари за Луна паркот, но не и за втората фаза на Универзална сала која почна да се прави со пари од Владата.