Одбраната на Дејан Јованов повторно бара укинување на притворот – родителите на загинатите жестоко негодуваа

На почетокот на денешното рочиште од судското рочиште за пожарот во „Пулс“ во Кочани, одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов – Деко го повтори барањето затворскиот притвор да му биде заменет со куќен, поради влошената здравствена состојба.

Неговата бранителка Ивана Коцевска рече дека иако на рочиштето на 20 април го поднеле ова барање, по него сè уште не е одлучено.

Побара Обвинителство и Судот да покажат хуманост и да се изјаснат по предлогот во позитивна смисла.

„Го молам Судот да покаже малку човечност и хуманост, и одлуката да биде донесена непристрасно без притисок на јавноста“, рече адвокатката.

Достави извештај од преглед што на обвинетиот Јованов му бил извршен вчера.

На ова жестоко реагираа родителите на загинатите и почнаа да извикуваат „срамота“, „пуштете го, ние ќе му пресудиме“.

Од Обвинителство рекоа дека по однос на барањето за укинување на мерката притвор и замена со куќен притвор за обвинетиот Јованов ќе се произнесат писмено.