
Николоски: „Самопрогласени синдикални лидери нека не шират небулози, Охрид-Кичево, на нивна жал, ќе биде завршен на време“
„Нека не го замајуваат народот. За нивна жал, а за среќа на народот, автопатот Кичево-Охрид ќе се заврши во предвидениот рок! Точно е дека Владата на СДСМ и ДУИ, по која очигледно жалат, камче не стави 7 години, ама точно е дека оваа Влада на Христијан Мицкоски работи деноноќно. Потврда за тоа е што во моментов си заминувам од Министерство за транспорт, во недела во 21 часот. Последен состанок беше за автопатот Охрид - Кичево“, пишува Николоски вечерва на својот ФБ профил како реакција на одредени искази во јавноста.
-Самопрогласени „синдикални лидери“ шират невистини, лаги и манипулации за изградбата на автопатот Охрид – Кичево – реагираше на својот ФБ профил министерот за транспорт и врски и вицепремиер, Александар Николоски.
Тој го наведува тврдењето на, како што ги нарекува, „самопрогласените“, дека автопатот ќе чинел „милијарда евра, никогаш немало да се заврши“ и слично, нарекувајќи ги таквите тврдења „небулози“.
