
Утрово времето ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Според прогнозата на УХМР од вторник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, а кон крајот на седмицата се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.