Олаф Шолц – германскиот канцелар денеска е во Москва, на разговор со рускиот претседател Владимир Путин околу деескалација на тензиите на руско – украинската граница. Шолц пред нивната средба го одбил ПЦР тестот, понуден од домаќините.
Наместо руски тест, Шолц одлучил лекар од германската амбасада да направи ПЦР тест, нешто што е предуслов за влез во Кремљ на состанок со Путин, информираат од германската делегација.
Претходно, минатата недела и францускиот претседател Емануел Макрон одби да се тестира со руски ПЦР тест, пред состанок со Путин.
Поради тоа разговорот меѓу Макрон и Путин се одвиваше на маса долга 6 метри, за да се запази физичката дистанца.
На прес конференцијата по средбата, двајцата стоеја оддалечени еден од друг неколку метри.
Предвидено е состанокот Шолц-Путин во Кремљ да трае неколку часа, што ќе заврши со заедничка прес-конференција.
Германскиот канцелар вчера беше во посета на Украина.