НБ: Објава на гуверенерот Славески со појаснување за неговиот став даден во емисијата „Топ тема“

Во еден момент во мојот настап во емисијата „Топ тема“ на Телма во минатиот понеделник изнесов став околу една од можните причини за брзото пропаѓање на Алта банка од Белград. Спомнав дека „Медиумите ја урнаа банката ...“, мислејќи на мноштвото шпекулации и непроверени информации кои циркулираа во медиумскиот простор во Србија неколку дена пред одлуката на НБС за одземање на дозволата за работа на банката, се посочува во соопштението од Народната банка (НБ) од постот на Х на гуверенрот Трајко Славески во кој тој дополнително појаснува дел од својата изјава во емисијата „Топ тема“ на Телма, која предизвика реакции во јавноста, што МИА го пренесува интегрално.