Најбезбедно е во Финска, Норвешка и Исланд – најопасно во Либија, Авганистан и во Сомалија

Податоците на безбедносните експерти на компанијата „International SOS and Control risk“ покажуваат дека Финска, Норвешка и Исланд се оценети како најбезбедни земји во светот, додека Либија, Авганистан и Сомалија се најопасните земји во светот.

Земјите кои се означени со темно-црвена боја на интерактивната мапа се најлошо оценетите, додека оние ки се означени со зелено – се најбезбедните.

Од земјите во регионот најбезбедна е Словенија, а најнебезбедно е на Косово.

Словенија е оценета како држава со незначителен ризик, а Косово со среден ризик. Северна Македонија, Србија, Унгарија, БиХ, Хрватска и Црна Гора се оценети како земји со низок ризик.