Неправедно и неефикасно е затворањето на границите поради Ковид 19 – смета Гутереш

Антонио Гутереш – генералниот секретар на ОН вели дека затворањето на границите поради Омикрон – варијантата на коронавирусот е „длабоко неправедно, казниво и неефикасно“.

„Со вирус кој не познава граници, ограничувањата за патување што изолираат една земја или регион, не само што се длабоко неправедни и казнени, туку се и неефикасни, истакна Гутереш.

Тој смета дека е „скандалозно“ да се осуди Африка затоа што не била вакцинирана. Шефот на ОН смета дека земјите не треба да бидат „колективно казнети за идентификување и споделување клучни научни и епидемиолошки информации со светот”.

„Тоа е „неправедно“ и „неморално“. Значи, упатувам силен апел, апел до разумот. Имаме инструменти за безбедно патување. Ги користиме тие инструменти за да го избегнеме таквиот вид на апартхејд што го сметам за неприфатлив“ е ставот на Гутереш.