Над 2.000 медицински работници во Србија се на боледување поради Ковид 19
Десеткуван е здравствениот персонал во Србија. Тамошното Министерство за здравство информира дека поради инфекција со коронавирусот над 2.000 здравствени работници во моментов не се на работа, од кои 29 се на болничко лекување, а останатите во изолација, на домашно лекување.
Директорот на болницата „Д-р Драгиша Мишовиќ“ изјави дека во таа болница од 64 медицински сестри на хируршкиот оддел, 22 се болни.
Според него, скоро 90 медицински сестри, од кои 700 на ниво на целиот Клинички болнички центар во Белград, имаат Ковид 19.
Во Србија постојат стравувања од зголемување на бројот на заболени поради почетокот на второто полугодие во образовниот систем.