Мицкоски не успеа да го урне Заев – следуваат ли предвремени избори?

ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалиционите партнери се повлекоа од Собрание.

Спикерот Талат Џафери ќе се појави во Парламентот, брифираат Собраниски извори.

Џафери најверојатно точно на полноќ ќе ја заврши постапката и ќе констатира дека пропаднала обидот за гласање на недоверба на Владата на Зоран Заев.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски оцени дека власта користела методи се со цел да го спречат падот на Владата. Најдобро решение е да се оди на предвремени избори, порача Николоски.

Инаку, распоред на силите во моментов е 60 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ и нејзините партнери, наспроти 59 пратеници од коалицијата предводена од СДСМ и ДУИ.

Дел од партиите кои сметаат дека оваа Владата треба да замине, по вечерашниот неуспешен обид да гласаат за уривање на Владата предупредија дека политичката криза во земјата прераснува во безбедносен проблем кој може да ескалира.