Од БЕСА се плашат да не е киднапиран, Груби вели: Toj e про-ЕУ и про-НАТО

„Ги знам неговите убедувања, дека неговото срце спие во Вашингтон и во Брисел“ – изјави Груби.

Првиот човек на БЕСА, Билал Касами денеска во изјава пред Собранието изрази загриженост за колегата Кастриот Реџепи откако овој утринава не се појави на закажаната собраниска седница на која треба да се гласа за доверба на Владата.

„Се додека немам јасна слика и глас за пратеникот за својот став јас се сомневам дека тој против својата волја го има декларирано тоа што го има декларирано и не може да дојде во Собрание и да се искаже за својата политичка позиција. Вчера беше мојата последна информација и според целиот амбиент, тој беше во рамки на позициите кои ги имавме како политичка партија“ рече денеска Касами.

Првиот човек на движењето Беса истакна дека тој има право да се сомнева дека тој против својата волја се држи некаде и не може да дојде во Собрание.

„Во моментов за нас е многу важно здравјето на пратеникот, да имаме комуникација за потоа да разговараме за другите опции“ рече тој.

Од друга страна, пак, првиот вицепремиер Артан Груби за ТВ 21 рече дека никој од власта не му се заканувал на Кастриот Реџепи.

„Не е точно, не е вистина. Кастриот секогаш беше ориентиран про-ЕУ, про-НАТО, кон пријателството со САД, ми беше колега во холандската амбасада, сме работеле заедно и ги знам неговите убедувања, дека неговото срце спие во Вашингтон и во Брисел“ – изјави Груби.