Османи и Груби: Продолжуваме поинтензивно во заокружувањето на целите – Македонија интегрирана во ЕУ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи синоќа на Фејсбук напиша дека пропаднал обидот за отстапување од стратешките определби на земјава, откако собраниската седницата за изгласување недоверба на Владата пропадна.

„Обидот за отстапување од нашите стратешки определби вечерва пропадна, од утре продолжуваме со уште поголем интензитет во заокружувањето на целите за подобар и позелен живот на нашите граѓани. Честитки на сите!“ – напиша Османи на ФБ.

 

Неговиот партиски колега, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби рече дека „Македонија е во добри пријателски односи со САД, со ЕУ, Македонија е во добри односи помеѓу заедниците и благодарен е на сите коалициони партнери“.

„Сите кои поддржуваат Македонија да е интегрирана во ЕУ, кои го поддржуваат Охридскиот рамковен договор и Преспанскиот договор се добредојдени во ова парламентарно мнозинство“ посочи Груби.