
Мицкоски за Алта банка: Има две сценарија, едното е стечај
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека Алта банка ад Битола може да оди во стечај, доколку за неа не се најде купувач. Според него, тоа е најлошото сценарио, но и во таква ситуација, како што нагласи, никој од штедачите и од комитентите на битолската банка нема да биде оштетен, односно дека сите ќе ги намират своите побарувања „до цент“.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека Алта банка ад Битола може да оди во стечај, доколку за неа не се најде купувач. Според него, тоа е најлошото сценарио, но и во таква ситуација, како што нагласи, никој од штедачите и од комитентите на битолската банка нема да биде оштетен, односно дека сите ќе ги намират своите побарувања „до цент“.
Истовремено, ја обвини опозицијата дека врши „саботажа“ и го повика Јавното обвинителство да се позанимава со ваквите нивни дејствија. Премиерот, исто така, објасни дека имало јавни претпријатија кои имале акции во тогашна Стопанска банка Битола и кои по влегувањето на белградската банка во сопственичката структура, го понудиле нивниот сопственички удел на новите акционери во банката.
Премиерот, на прес конференција во Владата посветена на Извештајот на ЕК за Македонија, одговарајќи на прашања на новинарите исто така рече дека е загрижен за економските последици од пропаѓањето на Алта банка ад Белград, посочувајќи дека македонски компании веќе се пожалиле дека нивни српски деловнии партнери, комитенти на белградската банка, отишле во стечај, или не можат да ги извршуваат плаќањата.
Тој рече дека во 2025 година трговијата помеѓу двете земји изнесуваше околу 1,2 милијарди евра.
„Ми се јавија неколку македонски компании кои што велат дека нивниот партнер е пред банкрот или е банкротиран во Србија бидејќи им се блокирани средствата во Алта банка. Тоа ќе биде многу поголем проблем, бидејќи се затвораат бизниси, компании банкротираат. Луѓе ќе остануваат без своите работни места, не само во Србија, туку и кај нас“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека тие 1,2 милијарди евра се обртни средства кои што се движеле секојдневно во текот на целата година. Истот се случува и сега.
„Ако таму брзо не се консолидира состојбата ќе имаме многу поголем, ланчан систем. Ме загрижува состојбата и во Албанија бидејќи и тоа може еден ден да се прелее кај нас“, рече Мицкоски.
Одговарајќи на прашање на новинарите во однос на Алта банка и за нејзината аквизија во Македонија на Стопанска банка Битола, тој рече дека врз основа на информациите со кои што располага, банката била купена откако претходно биле запазени сите законски процеси кои што се моментално дел од македонското апликативно право, односно дека биле добиени позитивни мислења од сите институции, КХВ, Комисијата за заштита на конкуренцијата,,,
„На јавна аукција акционерите на банката кои што се приватни лица, тука Владата нема никаква врска ниту пак, сака да има врска, ги продаваат акциите на сопственикот, во случајот Алта банка Србија. И така тие стануваат сопственици на Стопанска банка Битола и ја ребрендираат во Алта банка Македонија“, рече Мицкоски обвинувајќи ја опозицијата дека со овој случај „мисли дека ќе оствари политички бенефит и ќе се факторизираат на политичката сцена“.
Притоа, нагласи дека сака да биде многу јасен и дека со битолската Алта банка се можни две сценарија.
Првото сценарио е да се обезбеди купец, што спиред Мицкоски ќе биде многу тешко бидејќи, како што рече опозицијата држела прес конференции пред Народната банка и ги одвраќала потенцијалните можни купци кои што ќе ја консолидираат банката.
„Второрто сценарио е банката, ако нема купец, да влезе во стечај, односно да ја изгуби лиценцата да работи“, рече Мицкоски.
Тој притоа испрати порака до граѓаните, односно до штедачите и до доверителите да бидат безбедни и спокојни и да не потклекнуваат на „хистеријата и лагите, невистините и шпекулациите кои што доаѓаат од опозициската партија СДСМ“.
„Според нашите проверки 95-96 проценти од штедачите се со штедни влогови до 30 илјади евра и тие се целосно загарантирани до целосната сума. До цент односно до денар ќе им биде вратено“, рече Мицкоски.
Остатните кои што ќе влезат во стечајната маса, а станувало збор за „неколку стотини“, исто така да бидат спокојни затоа што активата на банката е многу поголема отколку што се побарувањата, можеби два-три пати е поголема.
„Апелирам до граѓаните, бидете спокојни, државата има инструменти, го следи процесот, нема да остане ниту еден ако дојде до најлошото сценарио банката да отиде во стечај, кој што нема да биде обесштетен до послениот цент“, нагласи Мицкоски, појаснувајќи дека „секој доверител, дали е тоа штедач, или компанија, ќе бидат целосно обесштетени.
Истовремено, го повија Јавното обвинителство да се позанимава за кривичното дело саботажа кое што го правела опозицијата која што, како што рече, „свесно го урива Уставот и државниот поредок ширејќи невистини, немир, креирајќи лаги и на тој начин ги доведува граѓаните во чувство на несигурност, исплашеност, а ова круивичнио дело се казнува со најмалку три години“.
Во однос на дилемата дали Владата односно Министерствот за финансии биле информирани за Алта банка, Мицкоски рече дека трансакцијата се прави во НБМ, а не во Владата, и нема потреба Владата да биде информирана, ниту пак, Министерствот за финансии.
„Целокупната трансакција се прави во Народната банка“, рече тој.
Мицксоски притоа додаде дека сепак имало јавни претпријатија кои што имале акции во Стопанска банка Битола кои потоа им биле понудени на новите сопственици.
„Државата преку одредени јавни претпријатија има свои акции во Стопанска банка Битола. Мислам дека тој процент беше многу мал“, рече Мицкоски и додаде дека не ги отуѓиле кога се случувала јавната аукција бидејќи биле локални избори и имало законски ограничувања да се отуѓува државен капитал.
„Откако ја добивме информацијата дека акционерите ги продале своите акции на новиот сопственик и дека се повеќе од 90 проценти, немаше повеќе смисла ние да остануваме сопственици во новото друштво со 2-3 проценти и веднаш по локалните избори во 2025 година донесовме на влада одлука со која им препорачавме на претријатијата да ги понудат акциите, доколку е заинтересиран сопственикот да ги купи“, рече Мицкоски, повторувајќи дека НБМ нема обврска никого да информуира кога ќе дојде заинтереиран да купува друга банка.