
„Додека Ковачевски се занимава со висока политика и саеми за “еднакви можности” и трча да и одоброволи на Бугарија, додека Ахмети си потпевнува песни во кабинетот, на народот му се плаче“, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на ФБ.
„Болен човек од Алцхајмер не може да стигне до своите 4000 денари што со закон му следуваат, затоа што не е одоброволена некаква комисија. И за министерката за труд и социјална политика и за сите тие бирократи кои си поигруваат со народот, треба да знаете дека ќе дојде часот кога ќе одговарате“, објави Мицковски на својот фејсбук профил.