Министрите за здравство од Г7 на итен состанок поради „Омикрон“

Ширењето на новиот сој на коронавирус „Омикрон“ ги собра на итен состанок министрите за здравство на земјите од Г7, по иницијатива на британските власти.

Главниот град на Велика Бријатнија – Лондон најави мерки за борба против ширењето на „Омикрон“, па сите кои пристигнуваат на Островот мора да направат ПЦР тест и да останат во карантин додека не бидат достапни резултатите.

Вирусот засега на европскиот континент е потврден во Белгија, Велика Британија, Германија, Италија и Чешка.

Предупредувањата се дека новиот вид коронавирус е поотпорен на вакцините и се шири побрзо од останатите варијанти.