Лирман за „Дојче веле“: ЕУ и Бугарија да си го одржат ветувањето кон С. Македонија

Ана Лирман – државната министерка во Министерство за надворешни работи на Германија смета дека се многу позитивни и охрабрувачки сигналите од првата средба на македонскиот премиер Димитар Ковачевски и неговиот бугарски колега, премиерот Кирил Петков во Скопје.

Таа во интервју за „Дојче веле“ изразува надеж дека земјава наскоро ќе ги почне преговорите со ЕУ, а потенцира дека ЕУ и Бугарија, потенцира треба да си го одржат ветувањето кон С. Македонија

„Убав сигнал е тоа што новата македонска и бугарска влада отворено се придвижија. Се надевам дека билатералните теми кои постојат во тој билатерален формат набрзо ќе се надминат. И за мене беше многу важна мојата посета, затоа што се случи веднаш по формирањето на новата влада и тоа му беше првата посета на новиот премиер (на С. Македонија, н.з.) и тоа покажува колку се добри односите меѓу Северна Македонија и Германија, што посетата се случи толку брзо“ вели Лирман во интервјуто.

Според неа, важно е што почнаа разговорите со Бугарија и што се одвиваат во билатерален формат.

„И од Скопје и од Софија пристигнаа позитивни, охрабрувачки сигнали и постои свест дека е важно што побрзо да се почне со пристапните преговори со ЕУ“ – нагласува Лирман.