Лајчак: Страната што ќе го отфрли европскиот предлог ќе ја изгуби нашата поддршка

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, синоќа пристигна во Приштина но нема најави дека ќе оствари средби со косовскиот премиер Албин Курти.

Прашан што ќе се случи доколку едната страна го одбие француско – германскиот предлог Лајчак дециден страната што ќе го отфрли европскиот предлог ќе се соочи со губење на европската поддршка, а ќе порасне поддршката за другата страна.

Спрецијалниот пратеник посочи и дека откако двете страни ќе покажат дека се подготвени да го прифатат европскиот предлог, ќе се организира заедничка средба на преставниците на Белград и Приштина во посредство на ЕУ и САД.