Крвава тепачка во Идризово – осуденик заврши со тешки повреди

Тепачка меѓу двајца осуденици е пријавена во Казнено-поправната установа „Идризово“, при што едно лице се здобило со тешки телесни повреди.

Тепачка меѓу двајца осуденици е пријавена во Казнено-поправната установа „Идризово“, при што едно лице се здобило со тешки телесни повреди.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 13 јуни во 01:47 часот во СВР Скопје, од КПУ Затвор Идризово било пријавено дека претходниот ден околу 19:15 часот во установата бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу осудениците К.Д. и Б.М.

Во инцидентот, Б.М. се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.