Костадиновски: Непримерна е изјавата на премиерот за тоа кој ги бирал судиите

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски во „Клик Плус“ ја коментираше изјавата на премиерот Христијан Мицкоски кој кажа дека овие уставни судии се бирани од минатата власт.

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски во „Клик Плус“ ја коментираше изјавата на премиерот Христијан Мицкоски кој кажа дека овие уставни судии се бирани од минатата власт.

„Непримерна е изјавата на премиерот за тоа кој ги бирал судиите, дека тоа можело да влијае, што исто така е непримерно. Судиите ги бира Собранието, еден, друг, трет состав, но тоа не значи дека може да влијае врз судиите. Имаат интегритет, дигнитет и никој не може да влијае врз нив“, рече Костадиновски и додаде дека исто така не се согласува и со изјавата на премиерот дека „вчера ништо не се случи“.

ДУИ нема да ги коментирам, искажаа многу лаги кои беа опасни за јавноста

„Апсолутно не чувствувам никаква одговорност и не сакам воопшто да ги коментирам политичките партии. Но како претседател на Уставен сум должен да реагирам во случај кога партиите ќе покажат ниска политичка култура, затоа што сум должен да го штитам интегритетот на Судот“, изјави Костадиновски.

Тој кажа дека ДУИ искажале многу лаги пред седницата.

„Се креираше една толку лажна атмосфера, толку лаги беа искажани, јас не можам да се тркам со политичарите да ги демантираме нивните изјави. Разбираме борба за гласови, но постојат некои минимални стандарди, дури и во политичката битка постојат црвени линии. Може политичка битка, но не преку грбот на Уставниот суд. Уставниот суд беше наречен параполитичка организација, јас лично трпев навреди. Беа изнесени дузина лаги за етничко надлгасување, за моноетничко одлучување, за извршување на политички одлуки, и такви лаги се опасни за јавноста“, рече Костадиновски.