Родителите на загинатите во „Пулс“ прашуваат: Зошто сè уште нема Анкетна комисија за Кочани?

Родителите на загинатите 63 млади луѓе сега повторно бараат од власта и опозицијата да ја исполнат преземената обврска и да го започнат парламентарното испитување на околностите што доведоа до трагедијата.

Родителите на загинатите 63 млади луѓе сега повторно бараат од власта и опозицијата да ја исполнат преземената обврска и да го започнат парламентарното испитување на околностите што доведоа до трагедијата.

Од Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 – Кочани“ велат дека семејствата повеќе немаат потреба од политички објаснувања, туку од конкретни постапки и рокови.

„Јавно соопштете конкретен рок кога Комисијата ќе биде оформена и ќе започне со работа. Нашите деца не беа политичари. Тие беа млади луѓе кои излегоа да се забавуваат и требаше да се вратат дома. 63 од нив не се вратија“, порачаа од Здружението.

Родителите бараат пред јавноста да се отворат сите прашања поврзани со трагедијата: кој знаел, кој контролирал, кој имал надлежност и не постапил и како било возможно со години институциите да не ги спречат пропустите кои денес се предмет на истраги и судски постапки.

Од здружението потсетуваат дека Анкетната комисија не е суд и нема задача да утврдува кривична вина. Нејзината улога, велат тие, е да утврди каде потфрлил системот и дали постоела политичка одговорност.

„Системот не е апстрактен поим. Го сочинуваат институции, а институциите ги водат луѓе со име, презиме, функција и одговорност“, велат родителите.