Ковачевски ја претстави програмата во Куманово: Многу е важно да го зајакнеме единството

Димитар Ковачевски – кандидатот за нов претседател на СДСММ синоќа во Куманово одржа средба со членовите на раководството на партијата и ја презентираше програмата и визијата за СДСМ.

„Многу е важно да го зајакнеме единството и да го мотивираме секој член да се приклучи на промените. Секој член и поддржувач да ја врати довербата во партијата. Да го разбереме незадоволството и причините и да се менуваме. Потребен ни е јасен и фер внатрепартиски систем каде луѓето се почитувани и наградувани согласно придонесот. СДСМ мора да е препознаен преку чесни, посветени и ангажирани луѓе, а посветеноста и одговорноста на секој да биде единствено мерило за напредок“, рече Ковачевски.

Тој истакна дека добрите политики на Владата на СДСМ мора да продолжат бидејќи се решиле децениски проблеми, додека квалитетот на животот на многу граѓани е значително унапреден со покачување на платите и приходите.