Кина и САД постигнаа консензус за осум точки

Претседателот на Кина, Шји Џинпинг за време на посетата на САД, со американскиот претседател Доналд Трамп разменија детални мислења за конструктивните стратешки и стабилни односи меѓу Кина и САД, како и за главните меѓународни и регионални прашања, постигнувајќи консензус од осум точки, објави денеска кинеското Министерство за надворешни работи.

Претседателот на Кина, Шји Џинпинг за време на посетата на САД, со американскиот претседател Доналд Трамп разменија детални мислења за конструктивните стратешки и стабилни односи меѓу Кина и САД, како и за главните меѓународни и регионални прашања, постигнувајќи консензус од осум точки, објави денеска кинеското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението на кинеското МНР, објавено на веб-страницата на Министерството се наведуваат осумте точки за кои Шји и Трамп постигнаа консензус.

1. Две страни се согласија да изградат конструктивен стратешки и стабилен однос меѓу Кина и САД врз основа на почит, праведност и еднаквост;

2. Постигнат е договор двете страни меѓусебно да се поддржуваат за успешно организирање на Неформалниот состанок на лидерите на АПЕК и Самитот на лидерите на Г20, при што двајцата шефови на држави имаат намера да присуствуваат на состаноците организирани од другата страна;

3. Двајцата шефови на држави се согласија дека Иран треба да ја исполни својата обврска да не развива нуклеарно оружје и дека ниедна земја или организација не треба да наплаќа патарини на меѓународните водни патишта;

4. Шји и Трамп потсетија дека Кина и САД беа сојузници во Втората светска војна и се бореа рамо до рамо за да ја добијат војната;

5. Шји и Трамп ја потврдија позитивната улога на механизмот за трговски консултации помеѓу Кина и САД и резултатите од консултациите помеѓу двата трговски тима, вклучително и воспоставувањето и подобрувањето на механизми, како што е Трговскиот совет, постигнувањето договор за реципрочно намалување на царините од 30 милијарди американски долари и продолжувањето на резултатите од трговските консултации во Куала Лумпур, и побараа нивно спроведување;

6. Постигнат е значителен напредок во соработката помеѓу кинеските и американските агенции за борба против дрогата;

7. Двете страни се согласија да воспостават дијалог помеѓу Кина и САД за вештачката интелигенција (ВИ), за размена на мислења за ризиците и придобивките од ВИ. Исто така, двете страни се согласија да воспостават комуникациски канали за прашања поврзани со ВИ.

8. САД го поздравија доаѓањето на двојка џиновски панди во Зоолошката градина во Атланта. Кина им ги позајми пандите на американската ЗОО.

Во соопштението на кинеското МНР се наведува дека Шји и Трамп се договориле што е можно побрзо да потпишат меморандум за разбирање за зајакнување на комуникацијата и спречувањето на кризи, како и да продолжат со соработката во потрагата по останките на исчезнатите американски воени лица во Кина.

Шји престојуваше во државна посета на САД од 23 до 25 септември.