
Припадници на Федералната полициска управа од утрово вршат претреси во реонот на Живинице (БиХ), а според досегашните информации кај еден полицаец биле пронајдени дури четири килограми дрога.
Како што е потврдено за сараевскиот портал Кликс, полицаецот кај кого е пронајдена дрогата е вработен во Централната полициска станица во Тузла, а имало индиции дека од претходно бил инволвиран во незаконски активности.
Акцијата на подрачјето на Живиница се спроведува по налог на Обвинителството на кантонот Тузла.
Официјално, тој се уште не е уапсен, но е приведен и е под кривична истрага.