Камион се превртел кај Деве Баир, камиони со часови заглавени кај граничниот премин
Камион со турски регистрации доцна попладнево се превртел на терминалот кај Деве Баир, најверојатно поради неисчистен снег.
Поради тоа возачите на голем број камиони и повеќе од 5 часа се заглавени во колона пред граничниот премин „Ѓуешево“ кај границата помеѓу Македонија и Бугарија.
Информациите се дека во колоната од бугарската страна има превозници освен од С. Македонија, и од Турција, Романија и Србија.
Патничките возила што минуваат на терминалот од македонска страна кон Бугарија се движат непречено.